Невработеноста во четвртиот квартал лани изнесувала 14 отсто.
Во четвртото тримесечје од 2022 година, активното население броело 802.280 лица, од кои вработени се 690.053, а 112.227 лица се невработени. Податоците ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Би можело да ве интересира: Работни места има – нема кој да работи: Младите масовно се иселуваат
Во првиот квартал лани, невработеноста беше 14.8 отсто.
Во регионот, Србија има најниска стапка на невработеност, а Косово и Босна и Херцеговина се во најлоша состојба. Србија има 8.9 отсто невработени.