Во 2022 година, инфлацијата во ЕУ достигна највисоко ниво измерено досега од 9,2%. Во споредба со 2021 година, кога годишната вредност беше 2,9%, стапката на инфлација е зголемена повеќе од тројно, објави Еуростат.
Во споредба со некои од најголемите светски економии, годишната инфлација во САД лани достигна 8,7%, во Јапонија 2,5%, а најниската стапка е забележана во Кина со 2,0%.
Најголем пораст на цените во ЕУ во 2022 година има кај трошоците за домување и храна. Потрошувачките цени за домување, вода, струја, гас и други горива минататата година забележаа досега најголем пораст од 18,0%. Следува транспортот со просечен пораст од 12,1%, а храната и безалкохолните пијалаци поскапеа во просек за 11,9%.
Би можело да ве интересира: Германија ја губи популарноста, овие земји се попривлечни за работниците и претприемачите
Во Северна Македонија, пак, според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата во 2022 година изнесувала 14,2%, додека индексот на цените на мало бил зголемен за 12,6%. Најголем раст на индексот на трошоците на животот лани е заблежан кај храната и безалкохолните пијалаци, кои за една година поскапеле за 20,9%.
Извор: kajgana.com