Доколку ве чеша дланката не би требало да ја чешате!
Според народните верувања, доколку ве чеша левата дланка, сигурно ќе добиете некои пари, а доколку ве чеша десната, ќе давате пари.
Се вели дека не е убаво да ја чешате левата рака, туку дека треба да ја истриете од косата и да кажете :”Колку влакна, толку пари” за да добиете што е можно повеќе пари.
Обичај е, и кога ве чеша десната дланка, на некој од вашата околина симболично да дадете некој денар, за да спречите во текот на денот повеќе трошоци.
Доколку ве чешаат вашите прсти, тоа е очигледен знак дека наскоро вие или некој вам близок ќе стапи во брак.