Првото место го зазеде Турција, каде 48 отсто од населението секојдневно изразува одредена доза на гнев. На второ место е Македонија, каде што 26 отсто од жителите се чувствуваат лути секој ден. По нив следат Малта и Полска со 24 проценти.
Профилот на Инстаграм „Картите се неверојатни“ неодамна сподели мапа на која се гледа кои Европејци се справуваат со најмногу гнев и бес на дневна основа.
Првото место го зазеде Турција, каде 48 отсто од населението секојдневно изразува одредена доза на гнев. На второ место е Македонија, каде што 26 отсто од жителите се чувствуваат лути секој ден. По нив следат Малта и Полска со 24 проценти.
Кога станува збор за другите земји од регионот, во Србија и Босна и Херцеговина, секојдневно се лутат 22 отсто од граѓаните, додека во Хрватска и Словенија пишуваат дека само 14 отсто од населението имаат краток фитил.
Финска (5 проценти), Естонија (6 проценти), Холандија (8 проценти) и Португалија (8 проценти) се земјите со најмал процент на дневен гнев. Интересно е што речиси цела Европа има процент помал од 26.
Овие податоци се базирани на истражувањето на Gallup Global Emotions.
Примерокот е направен меѓу популацијата на возраст над 15 години. Индексите се пресметани од анкети спроведени во 122 земји во текот на 2021 година и почетокот на 2022 година.