Неодамнешен извештај за боите на новите автомобили, објавен од производителот на бои „Агзалта пејнт“ (Axalta paint), меѓу другото, говори за боите коишто најдобро кријат гребнатинки на возилата, и за боите што веднаш „ги откриваат“ недостатоците.
ПРОЧИТАЈТЕ: Во време на криза: Кои бензинци трошат најмалку?
Во таа смисла, белата и светлите бои имаат предност, бидејќи подобро ги кријат гребнатините дење, како и нечистотијата што се насобрала на возилото. Од другата страна на спектарот се црната и потемните бои. Сите дамки и гребнатинки во тој случај ќе бидат позабележливи и ќе треба почесто миење на автомобилот, полирање, преправки, „шминка“ и слични зафати.