Додека некои луѓе претпочитаат да работат во мир и тишина, еве добра вест за сите оние кои уживаат да слушаат музика работното место или дома додека ги извршуваат работните задачи.
Во студијата спроведена од Симоне Ритер од Универзитетот Радбуд во Холандија и Сем Фергусон од Сиднејската технолошка школа, научниците проучувале како слушањето музика влијае на работата на луѓето. Тие се фокусираа на проучување на начините на кои слушањето на различни видови музика влијае на различните видови размислување во споредба со работата во тишина.
Резултатите од истражувањето покажаа дека веселата музика го подобрува дивергентното размислување кај испитаниците. Таквото мислење е поврзано со креативноста. Сепак, тие открија дека овој вид музика нема никакво влијание врз конвергентното размислување што ни служи за решавање на проблемите.
Можеби ќе ве интересира: Лоши навики поради кои постојано сте уморни
Во студијата учествувале 155 испитаници. Тие беа поделени во 5 групи. Секоја група требаше да изврши одредена задача. Испитаниците во четири групи ја решиле задачата додека слушале класична музика, чија цел била да предизвикаат одредени расположенија. На пример, ги слушаа „Марс“ на Холст и „Пролет“ на Вивалди. Испитаниците од петтата група работеле во тишина.
Експертите заклучиле дека испитаниците кои работеле со музика имале пооригинални идеи.
Ритер и Фергусон рекоа: „Овој проект ја покажа потенцијалната врска помеѓу слушањето музика и дивергентната и конвергентната креативност. Покажавме дека слушањето весела музика (на пр. класична музика која го подобрува расположението) е поврзана со зголемување на дивергентното размислување, а не конвергентното“.
Така, од ова истражување може да се заклучи дека слушањето на пожива и весела музика може да ни помогне во когнитивните процеси. Меѓутоа, ако се обидуваме да решиме проблем, можеби е подобро да се определиме за мир и тишина.
Извор: kajgana.com