Грција го зголемува минималецот.
Од 1 април минималната плата кај јужниот сосед ќе изнесува 780 евра. Таа ќе се зголеми за 9.4 отсто. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека ова е трето зголемување. Мицотакис, за време на денешниот состанок со надлежните министри изјави дека од 2019 година, кога минималната плата беше 650 евра, од следниот месец ќе се зголеми на 780 евра, а зголемувања ќе има и на надоместоците за невработените и на останатите бенефиции за вработените луѓе.
И во Македонија наскоро се зголемува минималецот, односно ќе изнесува 20.175 денари.