
Ако собраниската Комисија за финансирање и буџет го блокира законот со кој треба да се намали цената на хигиенските влошки, донесена ќе биде времена мерка, соопшти денеска министерот за економија.
- Законоското решение за хигиенските влошки е во Собрание. Ги повикувам пратениците да го усвојат. Тоа ќе се направи со закон, директно. Министерството за економија е подготвено, ако случајно има недоразбирање во Собранието и се блокира законското решение во Комисијата за финансирање и буџет, да донесе времена мерка, но, сепак, сакаме трајно решение, истакна министерот.