Поради користењето на повеќе уреди истовремено, бројот на лозинките кои треба да ги памтиме се зголемува и доста лесно може да ги заборавиме истите. За отклучување на вашиот телефон потребно е да внесете ПИН код кој е составен од низа на четири броеви. Доколку не успеете да ја погодите шифрата од дозволените три обиди, вашиот телефон ќе ви даде втора опција, односно внесување на ПУК за кој исто така имате три обиди.
Доколку ја заборавите лозинката вие ќе треба да го ресетирате уредот, а со тоа постои можност да изгубите важни податоци кои ви се складирани во телефонот. За да не дојде до ова, како мерка на претпазливост треба да ја инсталирате апликацијата Andriod Device Manager. Се што треба да направите е преку вашиот компјутер или лаптоп да ја внесете адресата https://www.google.com/android/devicemanager, заедно со вашиот мејл на Gmail и лозинката на електронската пошта.
Следниот чекор е да кликнете на опцијата "lock", да ја внесете новата шифра и повторно да ја изберете опцијата "lock".