Вели дека кога се сретнал со апликантите за работа, добил чувство дека станува збор за луѓе кои бараат работа, а го молат Бог да не ја најдат. Угостителот објаснува дека од 25 невработени за работните места, преку Заводот за вработување се јавиле само четворица и тоа се јавиле само за да добијат потврда.
„За готвач нудам плата од 2.000, за келнер повеќе од 1.000 евра, а за сервирач и помошник-готвач платата е илјада евра“, вели тој.
Можеби ќе ве интересира: СРБИНКА РАБОТИ НА АЛЈАСКА: Во сезона земаат и до 10.000 долари
Апликантите или не се заинтересирани за таа работа или, пак, работат во странство и моментално статусот на невработени лица им одговара.
Минатата година во секторот туризам во Хрватска работеа 20.000 домашни и 32.000 странски сезонски работници. Оваа година земјата ќе вработи до 60.000 сезонци.
Извор: faktor.mk