Општина Аеродром ги потсети родителите дека имаат уште девет дена да поднесат барање за еднократна парична помош во износ од 8.000 денари за бебиња родени во 2022 година.
- Барањето за доделување еднократна парична помош може да се симне од општинската веб-страница преку линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari, каде што ги пишува и другите потребни документи кои можат да се достават во архивата на Општината секој работен ден, соопштија од Општина Аеродром.
Досега во општината е доделена еднократна парична помош за вкупно 748 новороденчиња родени во 2022 година.