Уште како мала првпат седнала во камион, од љубопитност и љубов , а сега добро заработува од таа работа помагајќи им на родителите во семејниот бизнис.
Таа е млада, модерна и образована. Јована Митровиќ е успешна студентка на Архитектонскиот факултет во Белград и не бега од каква било работа,а особено не од возење камиони.
Со неа во утринската програма Редакција разговараше новинарката на ТВ Курир, Ивана Јовановиќ.
- Бев мала кога прв пат седнав во камион со дедо ми, потоа со татко ми, а сега со брат ми. Додека другите деца возеа велосипед, јас возев камион - вели убавата Јована.
Таа од пред една година има положено категорија Ц и Е во возачка дозвола.
- Тоа во пракса значи дека сум платила за камионот и за приколката. Кога треба да се натовари камионот, таму сум и јас на багерот - низ насмевка рече Јована.
Факултетот и е на прво место во животот, но таа е зад волан секогаш кога може.
- Архитектурата ми е приоритет, но половина од времето го поминувам со книга, другата половина во камионот - искрена е Јована.
Таа се соочува и со предрасуди кога ќе ја видат зад воланот на камион.
- Има предрасуди, но најмногу позитивни коментари. Сега немам нокти, но кога ги пуштам, ме прашуваат како можам да возам во здолниште и со нокти. Ми се случи да прашаат каде е возачот, кога ќе им објаснам не ми веруваат.
На прашањето како успева да ги избалансира сите свои обврски, таа одговара:
- Со организација се може да се постигне кога се сака. Сабајле требаше да одам на факултет, но сега возам низ Лештане-Болеч, но и низ Србија. Превезувам чакал, песок, земја... Што треба за градилиштето.
Новинарката на ТВ Курир Ивана Јовановиќ се интересираше дали е секогаш среќна кога ќе седне зад воланот на камион.
- Да (се смее). Тоа сум јас. Наутро брзо се спремам, а кога се спремам за во камионот се спремам како да излегувам.