Тестото и колачите направени од домашни јајца имаат поинтензивна жолта боја отколку производите во кои се користеле јајца купени во продавниците.
Бојата на жолчката навистина може да ви каже многу за потеклото на јајцето и кокошката што го снесла.
Домашните јајца и купечките јајца содржат приближно иста количина на хранливи материи, па и едните, и другите може да се користат за готвење и печење.
Но, разликите сепак можат да се видат со голо око. Колку е поинтензивна бојата на жолчката, односно има потемна портокалова боја, толку се поголеми шансите дека јајцето го има снесено кокошка на која ѝ е дозволено да се движи слободно.
Можеби ќе ве интересира: Швајцарците консумираат најскапи јајца во Европа, на кое место е Македонија?
Купечките јајца најчесто се снесени од кокошки кои живеат во преполни кафези или одгледувачници, што значи далеку помалку движење за овие птици, во споредба со домашните.
Кога кокошките се одгледуваат на отворено, со поголема слобода (free range), тие несат помалку јајца, јадат повеќе и поразновидна храна и имаат поголема слобода на движење, што влијае на изгледот на јајцата.
Претходно истражување покажа дека јајцата од кокопки одгледувани на отворено се малку потешки од купечките јајца и имаат подебела лушпа, што ја намалува можноста за уништување при транспортот.
Погледнете ја разликата во јајцата купени од одгледувачи на отворено и оние што се купуваат во продавница:
Извор: kajgana.com