Утре со почеток во 10 часот поради најавена атлетска трка, полицијата ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно.
Рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Свети Пантелејмон и обратно.
Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.