Може да се каже дека само 13 земји и територии во светот имаат здрав квалитет на воздухот, а нивото на загаденост на воздухот достигна рекордно високо ниво во 2022 година. Ова го покажуваат податоците во извештајот на швајцарската компанија IQAir, која го следи квалитетот на воздухот ширум светот.
Експертите на IQAir ги анализираа податоците за квалитетот на воздухот од 30.000 мониторинг станици во 7.323 градови во 131 земја. IQAir ги наведува Австралија, Естонија, Финска, Гренада, Исланд, Нов Зеланд и териториите на Пацификот и Карибите, вклучувајќи ги Гуам и Порторико, меѓу земјите со почист воздух според Светската здравствена организација (СЗО).
Според IQAir, највалкан воздух имаат Чад, Ирак, Пакистан, Бахреин, Бангладеш, Буркина Фасо, Кувајт и Индија. Упатствата на СЗО дефинираат безбедно ниво на загадување како ниво каде што концентрацијата на PM2,5 честичките не надминува 50 микрограми на кубен метар. Во Чад овој показател е 89,7, а во Ирак – 80,1.
Експертите на IQAir нагласуваат дека загадувањето на воздухот е најсериозната закана за животната средина. Секоја година, повеќе од 6 милиони луѓе ширум светот умираат поради последиците од загадениот воздух. Вкупната економска штета од загадувањето на воздухот се проценува на 8 трилиони американски долари, што е над 6,1% од глобалниот БДП.