Ќe биде повеќе од канцеларија на тркала.
Škoda започна проект за развој на уникатно возило кое треба да понуди решение за дигиталните номади, односно за сите оние кои треба да работат на компјутер, но сакаат да избегнат канцелариско опкружување по секоја цена.
29 практиканти работат на проектот за редизајн на Enyaq iV во соработка со дизајнерскиот тим на Škoda за редизајнирање на задниот дел на возилото. Тоа ќе биде возило слично на кампер, но неговите карактеристики сепак се прилагодени на улогата на мобилна канцеларија. Во секој случај, очекуваме многу simply clever функции, вклучувајќи бројни места за складирање.
Можеби ќе ве интересира: Сѐ што треба да знаете за визите за дигитални номади во регионот
Судејќи според објавената скица, возилото ќе има складиште во покривот, додека задниот дел од кабината ќе има кревет за едно лице и едно задно седиште. Во секој случај, во блиска иднина, Škoda ќе го открие целокупниот концепт, кој може да биде почетна точка за многумина да се впуштат во слични модификации.
На крајот на краиштата, сите претходни концепти кои потекнуваат од стручното училиште на Škoda предизвикаа значителен интерес.
Извор: kajgana.com