Брзото топење на мразот на Антарктикот предизвикува драстично забавување на длабоките океански струи, што може да има катастрофален ефект врз климата, покажува новото истражување.
Протокот на длабоки морски води што ги придвижуваат океанските струи би можел да се намали за 40 отсто до 2050 година, смета тим австралиски научници, пишува Би-Би-Си.
Морските струи ширум светот ја носат потребната топлина, кислород, јаглерод и важни хранливи материи. Претходните истражувања сугерираат дека забавувањето на северноатлантската струја (чиј дел е и Голфската струја) може да предизвика големо заладување во Европа. Новата студија, објавена во списанието Nature, исто така предупредува дека забавувањето на струите може да ја намали способноста на светските мориња и океани да апсорбираат јаглерод диоксид од атмосферата.
Морските струи стануваат се посилни
Извештајот нагласува дека Земјината мрежа на океански струи делумно е поттикната од движењето на погустата, посолена морска вода во близина на Антарктикот. Но, како што се топат глечерите, морската вода станува помалку солена и поретка, па нејзиното движење кон дното се забавува.
Овие длабоки морски струи или „превртување“ на водата на северната и јужната хемисфера се релативно стабилни со милениуми, но сега се нарушени поради затоплувањето на климата, велат научниците.
– Нашите модели покажуваат дека ако емисиите на јаглерод продолжат да растат со сегашната стапка, тогаш Антарктичката струја ќе се забави за 40 проценти во следните 30 години, што може да доведе до дел од вкупниот колапс на океанските струи – вели водачот на студијата, професорот Метју Ингланд.
– Кога океаните би имале бели дробови, ова би било едно крило – вели океанографот Ингланд од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј.
Д-р Адел Морисон, која придонесе за извештајот, објасни дека како што се забавуваат океанските струи, површинските води брзо го достигнуваат својот капацитет да апсорбира јаглерод, но потоа не се заменуваат со длабоко морска вода дезаситена со јаглерод. Во 2018 година, студијата „Атлас“ покажа дека системот за циркулација на вода во Атлантскиот Океан сега е послаб отколку што бил во кое било време во изминатите 1.000 години и значително се променил во последните 150 години.
Потенцијално ладење во Европа
Студијата, исто така, сугерира дека Атлантскиот меридијален превртувачки циклус (AMOC), чиј дел е топлата Голфска струја, може да ги разлади океаните и северозападна Европа и да влијае на морскиот екосистем. Сензационализиран опис на затворањето на AMOC беше прикажан во филмот за катастрофа од 2004 година „After Tomorrow“.
Но, д-р Морисон вели дека забавувањето на јужната струја ќе има поголемо влијание врз морскиот екосистем и Антарктикот.
– Морските струи исфрлаат на површината важни хранливи материи кои потонуваат на дното кога организмите умираат, со што се враќа снабдувањето со хранливи материи за глобалниот екосистем и за рибниот фонд – вели д-р Морисон.
– Друга голема импликација што тоа би можело да ја има е забрзаното топење на Антарктикот во иднина. Имено, ова го отвора патот за потоплите води кои можат да го забрзаат топењето, што носи уште поретка, стопена вода во океанот, што уште повеќе ја забавува циркулацијата – вели тој.
„Сè се случува брзо“
Научниците потрошиле 35 милиони часа во текот на две години на градење на нивните модели, што сугерира дека длабоката океанска циркулација на Антарктикот би можела да се забавува двојно побрзо отколку во Северниот Атлантик.
– Неверојатно е да се види како сè се случува толку брзо – вели климатологот Алан Микс од Државниот универзитет во Орегон, автор на извештајот за Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC).
– Се чини дека во моментов ја зголемува брзината. Тоа е главната вест! – рече Микс.
Ефектот од топењето на мразот на Антарктикот врз океанските струи не беше земен предвид при создавањето на најновите модели за климатски промени IPCC, но кога ќе се вклучи, промената ќе биде „многу значајна“, рече професорот Ингланд.