Ако сте во потрага по сезонска работа, Хрватите бараат кадар. На Хрватска ѝ недостасуваат повеќе од 110.000 работници.
Oва се однесува само за три сектори и тоа туризам, угостителство и градежништво.
Во туризмот планираат да вработат 60.000 сезонци, а 35.000 странски работници во 2023 година ќе го надминат бројот на домашните сезонски работници, кои се потешко се наоѓаат. Недостигот од работници веќе се гледа во намалувањето на опфатот на некои услуги во многубројните индустрии, па така, на пример, големите трговски ланци ја намалија работата во помалите маалски продавници на само една смена. Недостигаат и медицински сестри, лекари, наставници, информатичари, возачи на камиони…
Хрватска од регионот си обезбедува работници. Во земјата работат Срби, Босанци, Македонци. Инаку, пред неколку години се споменуваа бројки од 15.000, 20.000 сезонци, но сега бројките растат.
Извор: faktor.mk