Автоматите за брза храна во Јапонија, каде што може да се купат готови оброци со месо од кит, полжави или јастиви инсекти, од неодамна на купувачите им нудат и месо од дива мечка.
Различни парчиња од тамошната црна мечка се продаваат во машините во градот Сембоку. Месото се нуди по 2.200 јени (околу 940 македонски денари) за порција од 250 грама.
Можеби ќе ве интересира: СРПСКИ МЕСНИ ПРОИЗВОДИ МЕЃУ ПРВИТЕ 50 ВО СВЕТОТ! Еве со што можат да се пофалат, а за едно рекоа дека оди со Сливовица
Машините за брза храна што му припаѓаат на ресторанот „Соба Горо“ продаваат 10-15 пакувања месо од мечка во седмицата. Азиските црни мечки, инаку, се сметаат за загрозен вид, но властите во овој град во северна Јапонија, тврдат дека го ограничуваат и контролираат бројот животни коишто може да бидат застрелани.
Извор: kurir.mk