Пет дена почнувајќи од петокот напладне возовите во Македонија не сообраќаат на сите релации, поради штрајкот на Синдикатот на машинскиот и извршниот персонал на „Железници на РСМ“.
Синдикатот бара зголемување на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите, како и вработување на 40 машиновозачи и подобрување на условите за работа. Овие барања тие ги испратиле до Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и до Владата. И во 2021 година железничарите со блокади си ги бараа платите.