Поради недостиг на средства Црвениот крст укинува 1.500 работни места во повеќе држави.
Информацијата ја соопштија од седиштето на организацијата во Женева, пренесува ДПА. Кратењата значат дека најмалку 20 од 350 бази на Црвениот крст во светот ќе бидат затворени и организацијата ќе се фокусира најмногу на своите основни задачи.
Тие вклучуваат хуманитарна помош за цивилите во конфликтните зони и промовирање на усогласеност со меѓународното хуманитарно право, кое ги регулира правилата за војување и заштита на цивилите за време на воени конфликти.
Можеби ќе ве интересира: Возовите веќе пет дена не сообраќаат поради штрајк
До почетокот на идната година се очекува да заштедат 430 милиони швајцарски франци (470 милиони долари). Од една страна, дел од ветените донации никогаш не дојдоа, но и трошоците растат поради инфлацијата.
Извор: faktor.mk