Минималната плата во Грција се зголеми на 780 евра, почнувајќи од април годинава, соопштија грчките власти.
Министерот за труд на Грција, Костис Хацидакис, изјави дека одлуката за зголемување на минималната плата е донесена откако се земени предвид зголемените потреби на работниците и истото истакна дека ова е значително и правично зголемување.
Истовремено, Грција се соочува со уште еден бран на поскапувања на основните производи, а потрошувачите се свртуваат кон производите од помали, приватни брендови за да заштедат пари, пишува грчки Катимерини.
Можеби ќе ве интересира: Оброк со месо од мечка чини безмалку 1.000 денари
Според неодамнешниот извештај на истражувачот на пазарот NielsenIQ, седум од 10 добавувачи и трговци на мало во Грција планираат да ги зголемат цените оваа година. Овој инфлациски тренд се очекува да продолжи, при што рецесиското економско опкружување ги принудува потрошувачите да бидат повнимателни со трошењето и да бараат попусти и поповолни понуди.
Извор: pari.com.mk