Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2023 година, во споредба со февруари 2023 година, е зголемен за 0.5 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2 %, Алкохолни пијалаци за 0.2 %, Безалкохолни пијалаци за 0.1 % и Ноќевања за 1.7 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во март 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 12.3 %.
Можеби ќе ве интересира: Ручек во ресторан стана луксуз! Драматични поскапувања во сите сектори
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари − март 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 14.0 %, додека во однос на декември 2022 година е зголемен за 0.9 %.
Извор: biznisinfo.mk