
Министерот за економија, Крешник Бектеши кажа дека имале состанок со увозниците на овошје и зеленчук, по што решиле да има мала корекција на цените.
-Наредниот вторник ќе ги ревидираме замрзнатите цени, нема да има зеленчук и овошје поскапо од 100 денари за килограми. Ќе има мало намалување, односно нема да има цени како пред неколку дена кога се движеа до 130 и 140 денари, кажа Бектеши.
Причина за оваа одлука се новите увозни цени кои биле пријавени во Царинската управа.