Од утре дел од овошјата и зеленчукот на кои цените им беа замрзнати ќе поскапат за 5 до 20 денари.
Денеска треба да се знаат деталите за тоа кој производ колку ќе поскапи односно каква ќе биде корекцијатa, известуваат од Телевизија Телма.
Цените ќе се корегираат затоа што увозниците, кои со години доставувале лажни фактури до царина за да платат помал данок, конечно почнале да пријавуваат регуларни цени.
Воедно со одлуката ќе им се излезе во пресрет и на домашните оранжерии велат надлежните. Сепак додаваат дека ниту еден од овие 11 производи кои се најдоа под замрзнати цени нема да чини повеќе од 100 денари за килограм.