Меѓународниот тим на научниците започнал со бушење на Арктикот поради зачувување на примероци на мраз стар и до 300 години за анализа, пред заледените слоеви да се стопат поради климатските промени, објавиле во понеделник организаторите на мисијата.
Италијански, француски и норвешки научници кренале камп на норвешкиот архипелаг Свалбард, во рамките на, како што велат самите, трката со времето чија цел е зачувување на клучни податоци за мразот и да ги анализираат условите кои владееле во некогашното окружување.
Научниците ќе вадат мраз со помош на долги цевки со длабочина од дури 125 метри. Таму има замрзнати геохемиски траги стари и до три века.
Анализата на хемикалиите во длабоките „ледени јадра“ ќе им дадат на научниците вредни податоци за условите какви што некогаш владееле во околината.
Но, истовремено предупредуваат дека водата која настанува со топење на мразот ги менува геохемиските траги кои досега биле зачувани во таквиот стар мраз.
Забележано е дека вредниот првобитен материјал засекогаш исчезнува од површината на планетата, рекол за „AFP“ Џером Чапелаз, претседател на здружението „Ice Memory“, кој ја води операцијата.
Нашата одговорност како глациолози е да направиме дел од тоа да биде зачувано, додал тој.
Емисиите на јаглерод предизвикани од човековото делување од 19-тиот век ја загреале планетата за 1,1 степен Целзиус, а истражувањата покажале дека Арктикот се загрева два до четири пати побрзо од глобалниот просек.
Еден дел од мразот кој се извлекува со цевки веднаш ќе се користи за анализа, а друг ќе биде пратен на Антарктикот и таму ќе се закопа под снег за да може примероците да се зачуваат за идните генерации научници.
Осум членови на мисијата поставиле камп на надморска височина од 1.100 метри на леденото поле Холтедахлфон преполно со пукнатини. Со бушење планираат да започнат во вторник, рекол Чапелаз.
Работата ќе се одвива три недели на температури пониски од минус 25 степени. Притоа ќе се сечат и извлекуваат примероци од мраз, долги по еден метар и широки 10 центиметри.
Мисијата вредна 700.000 евра е продолжение на низата слични претходни вадења на ледени јадра кои ги вршело здружението „Ice Memory“, а меѓу нив и се и претходни операции во Алпите и на Андите.