Во февруари годинава во земјава се регистрирани 40 973 туристи, од кои 40.2 % се домашни, а 59.8 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во февруари изнесувал 82 942, од кои 42.7 % се од домашните туристи, а 57.3 % од странските.
Во првите два месеца од годинава во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 12.5 %. Кај домашните туристи има намалување за 6.2 %, а кај странските е евидентирано зголемување за 31.2 %.
Во периодот јануари – февруари 2023 година, во однос на истиот период од 2022, бројот на ноќевањата е зголемен за 4.8 %. Кај домашните туристи има намалување за 5.5 %, а кај странските зголемување за 15.8 %.