Охрид за продолжениот Велигденски викенд полн со гости. Најбројни според најавите на туристичките работници ќе бидат оние од нашето соседство од Србија, Црна Гора, Грција и домашните кои што си имаат свои викенд станови, но нема да изостанат ни оние од подалечните земји.
Во хотелските капацитети се нудат три и четиридневни примамливи пакет аранжмани, а интерес има и во приватното сместување.
Охрид гостите оваа сезона ќе ги дочека со поскап паркинг, бесплатно ќе може да паркираат во недела за верскиот празник Велигден.
Велигденските и првомајските празници во туризмот секогаш се сметале како репер за тоа каква сезона се очекува на брегот на Охридското Езеро.
Ова лето ќе биде подобро во однос на лани, покрај домашните се очекуваат и туристи од регионот и странство, прогнозираат туристичките работници.