Податоците за невработени лица кои трагаат по работа покажуваат дека ниту титулата доктор на науки не гарантира вработување во Македонија. Последниот сет податоци за бројот на невработени лица во земјва кој го објави Агенцијата за вработување покажуваат дека на крајот на месец февруари сме имале 17 доктори на наука кои се невработени. Притоа од вкупниот број невработени доктори на науки, дури 10 се жени.
Уште попроблематичен е податокот на Агенцијата дека дури 622 магистри се исто така невработени, при што од нив 400 се жени магистри.
Иако споредено со претходни години има и тренд на намалување на бројот на лица кои имаат стекнато докторат или магистратура и кои се уште не се вработени. Сепак, загрижува самиот факт што наспроти поплаките на работодавците дека не може да се најдат соодветно квалификувани кадри, ние имаме невработени лица кои посветиле време и средства за образование но и понатаму се во категоријата невработени граѓани.
Инаку податоците на Агенцијата покажуваат дека најмногу невработени граѓани има во категоријата без образование и со основно образование каде има над 64 илјади невработени граѓани кои се пријавиле во Агенцијата. Дури 10.061 лица кои се невработени имаат непотполно средно образовени.
Зачудува фактот што има голем број невработени лица со средно –26.777, како и со више образвоание 856 граѓани.
Извор: faktor.mk