Синџирот ресторани за брза храна Мекдоналдс, кој се фокусираше на подобрување на основните артикли за да ја зголеми продажбата, воведува низа промени за да ги подобри своите препознатливи хамбургери, пишува CNN.
Лепчињата ќе бидат помеки, кашкавалот ќе биде потврд, кромидот ќе се додаде во плескавиците веднаш на скара… А сосот во Биг Мек? Па, ќе има уште, пишува CNN Business.
„Откривме дека малите промени, како што е дотерувањето на нашиот процес за да додадеме потопло сирење, повеќе топено сирење или прилагодувањето на нашата скара за подобро печење, прават голема разлика во правењето на нашите плескавици повкусни од кога било“, рече готвачот Чад Шафер, виш директор за кулинарски иновации во седиштето на Мекдоналдс во САД.
Подобрувањата се однесуваат на Биг Мек, МекДабл како и класичните чизбургер, двоен чизбургер и хамбургер.
Би можело да ве интересира: Туристите изненадени: Еве колку ќе ве чини еден ручек на Јадранот
Промените прво беа направени на меѓународните пазари, а сега почнуваат да се применуваат и во американските градови како Лос Анџелес, Сиетл, Феникс и Лас Вегас.
Новите хамбургери ќе бидат достапни низ САД на почетокот на следната година, според Мекдоналдс.
Во 2018 година, познатиот синџир ресторани за брза храна почна да користи свежо говедско месо за својот „квотерпаундер“, а во 2021 година лансираше сендвич со крцкаво пилешко, што беше добро добиени од клиентите.
„Стекнуваме пазарен удел и кај пилешкото и во говедското месо благодарение на подобрените хамбургери и производи како пилешкиот сендвич“, изјави извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински во јануари.
Мекдоналдс не е единствениот бренд кој се обидува да ја подобри својата основна понуда, потсетува CNN.
Нивниот најголем ривал, Бургер Кинг, минатата година објави дека ќе се фокусира на подобрување на Wupper, нејзиниот најпопуларен бургер.
Бургер Кинг на почетокот на годината објави дека промените поврзани со „Whopper“ придонеле за поголема продажба во САД во последниот квартал од 2022 година.