Имате зад себе над 15, 20 години континурана работа. Работите напорно со цел нешто да постигнете, да заштедите за своите деца, за мирна пензија, за поголема финансиска сигурност. Но, со текот на годините веќе ја немате истата енергија или пак имате поголема потраба малку да застанете и да одморите. Да посветите повеќе време за себе, со најблиските, да си дадете оддишка и да се опуштите. Точно е дека не опуштаат различни работи!
Некој преферира престој во природа, друг трчање или посета на теретана, некого муабет со блиска особа….Но, неприкосновен факт е дека престој во сауна обезбедува многу придобивки за нашиот организам. Замислете си ситуација во која се враќате од работа, по поминати 8,9 часа, можеби малку напнати и нервозни, па чувствувате вкочанетост во вратот, грбот…влегувате во домашната сауна и за само 10-тина минути сте како препороден. Нема потреба да правите некои подготовки за да одите некаде подалеку, од посебна организација, туку дома со најблиските да поминете заедно квалитетно време и да се опуштите.
Ако пак сте еден од оние кои не поднесуваат високи температури од 80-90 Ц какви што ги има класичната Финска сауна, се препорачува Инфрацрвената сауна која постигнува пониски температура до 50 степени, а сепак се доживуваат здравствените и психички ефекти од сауната.
Инфрацрвената топлина продира длабоко и овозможува темелно чистење на телото и исфрлање на токсини како тешки метали, алкохол, никотин, холестерол, вишок на минерали и млечна киселина. Потта која се лачи при потење во инфрацрвена сауна, содржи до 17% токсини.
Инфрацрвената сауна е практична, бидејќи брзо се загрева и може да се вгради во било кој празен простор во домот/ соба / дневна / спална/ купатило / подрум, а предизвикува многу мала потрошувачка на струја. Нема потреба ни од плочки ни од вода, само обичен кабел за монофазна струја. Може да се вгради и во рамки на постоечка Финска сауна.
Во неа можете да се опуштате заедно со сопругата, децата, и тоа да биде едно забавно и корисно дружење со бројни здравствени, и социјални придобивки. Да се чувствувате како да сте во некој луксузен хотел, а всушност Вие сте дома. Нема поубаво!
Инфрацрвената сауна претставува ефикасен начин за трошење на калории (до 600kcal со една терапија), ја подобрува циркулацијата, го стимулира лачењето на ендрофин (хормон за добро расположение) и генерално ја подобрува благостојбата на организмот и здравјето.
Извор: opserver.mk