Во неодамнешното истражување на Блумберг на 678 инвеститори, речиси 40 отсто рекле дека децата во градинка треба да се насочуваат кон кариери поврзани со здравјето ако не сакаат вештачката интелигенција (ВИ) да ги замени на работа во иднина.
Работните места во здравството вклучуваат многу контакти од човек со човек, кој засега тешко може да се замени со генеративни програми за вештачка интелигенција како ChatGPT.
Инвеститорите имаат поинаква порака за средношколците, бидејќи 51,3 отсто од испитаниците сметаат дека децата што дипломираат оваа година треба да изберат кариера поврзана со технологија.
„Веќе две или три децении, најплатените работни места беа во финансискиот сектор, а технолошкиот сектор сега се натпреварува со нив“, рече Ендрју Челинџер, потпретседател на консултантската фирма за човечки ресурси „Челинџер, Греј и Крис“.
И покрај порастот на вештачката интелигенција, во следните 20 или 30 години, технолошкиот и финансискиот сектор ќе имаат најмногу услови за профитабилна кариера, рече Челинџер.
Развојот на вештачката интелигенција ќе има лош ефект врз кариерите во финансискиот сектор, сметаат испитаниците. Само 12 отсто од инвеститорите мислат дека тоа е најдобриот избор за кариера за децата сега во градинка, заклучува Блумберг.
Извор: biznisinfo.mk