Целиот настан го раскажа келнерката од клубот каде што се славело.
Германскиот Билд ја објави приказната за тоа како 24-годишниот косовски репрезентативец Аријанет Муриќ организирал голема прослава во Минхен на која поканил пријатели и соиграчи. За само неколку часа сметката достигна 36.000 евра, а Муриќ без проблем ја подмирил.
Целиот настан го раскажа келнерката на клубот каде што се славело. Келнерката Шантал изјави дека Муриќ и друштвото се однесувале многу добро и дека на крајот и оставил бакшиш од 10.000 евра.
- Беа многу љубезни, одлично се забавуваа и направија одлична атмосфера во клубот, особено откако на сите им платија пијачки. И порано сум добивала бакшиш, но никогаш толку. Ги викнав сите и го споделив бакшишот. Дел доби цел персонал, диџејот, дури и човекот што ги чисти тоалетите, изјавила келнерката Шантал за Билд, а со помош на Муриќ си купила кученце и го нарекла Ролекс, пренесува 24 часа.
Муриќ е голман на Барнли во Англија, кој од следната сезона повторно ќе игра во Премиер лигата.