Кралицата Елизабета Втора денеска ќе наполнеше 97 години. По повод нејзиниот роденден на официјалните профили на кралското семејство на социјалните мрежи беше објавена досега невидена фотографија.
Фотографијата ја направила Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, а на неа се гледа насмеаната кралица како седи со своите внуци и правнуци минатото лето во замокот Балморал во Шкотска, каде кралицата подоцна и почина.
-Денес се сеќаваме на неверојатниот живот и наследството на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора, на денот кога таа ќе наполнеше 97 години, се вели во објавата на Бакингемската палата.
Кралицата Елизабета Втора е родена на 21 април 1926 година, а почина на 8 септември 2022 година.