Цените на цигарите во земајва продолжуваат да растат. Согласно законот за акцизи, од почетокот на годинава повторно имаме бран на поскапување на цигарите, а дополнително кон нивно поскапување водеше и кризата која ги зголеми цените на енергенсите и репроматеријалите.
Како што ни јавија наши читатели, од утрово во маркетите во главниот град биле изненадени поради повосоките цени на цигарите кои вообичаено ги користат, пренесуваат од Фактор.
- Мојот бренд го купувам секој ден, истите цигари се и точно ја знам цената. Па утрово кога си ги купив нова кутија многу непријатно се изненадив. Цигарите се поскапени за 10 денари, тоа воопшто не е малку. Не очекував дека сега ќе има повторно раст на цената, се поскапе, па мора и цигарите. Знам дека акцизата расте и дека ќе растат цените, но сепак, сумирано сите трошоци се преголем удар - вели читателка која се обрати во редакцијата на Фактор.
Упатените за Фактор посочуваат дека цените на цигарите растат постепено, одноано, во бранови, прво едни брендови, па други, и ова поскапување воопшто не е за изненадување.
Како што е веќе познато од почетокот на годината е вообичаено да има поскапување на цените на цигарите, што се должи на донесениот Закон за акцизи, кој е воведен како дополнителна давачка за да се дестимулира пушењето.
Согласно законот, планот беше од 2013 година, па се до оваа 2023 година акцизата на цигарите да се зголемува најмалку пет денари по кутија.
Како што може да се забележи од информациите на веб страната на Министерството за финансии, акцизата на една цигара достигнува 1,353 денари по парче и достигнува 9 отсто од малопродажната цена.