Балканот и Македонија следната недела повторно ќе бидат зафатени од дожд, а на планините и снег, но во дел од Европа „ќе удри“ силен топлотен бран од Африка.
Славчо Попоски во најновата прогноза пишува дека ширум Европскиот Континент, на Балканот, и во Македонија во текот на следната седмица повторно ќе има температури кој ќе бидат под просекот за овој период од годината и врнежливо време, а на планините очекуваме и нов снег. Но, во Шпанија ќе пристигне и првиот изразен топол Африкански бран за оваа сезона.
- Шпанија следната седмица ќе биде зафатена од силен топлотен бран од Африка и ќе услови невообичаено високи температури на воздухот. Во многу предели од оваа држава температурите ќе надминуваат 30 степени, додека понекаде истите ќе достигнуваат дури и до близу 40 степени. Најизразен овој топлотен бран ќе биде на југот од Шпанија.Ние во нашиот дел од Европа ќе си почекаме за вакви температури. Нема најава за Африканска топлина, барем според последните направени анализи, пишува Попоски.
Најголем дел од Европа и Балканот, како што наведува, следната седмица ќе имаат студено време, особено наутро кога се очекува и појава на мраз и тоа околу 26/27 април. Ќе биде присутен и северниот ветер, кој повремено ќе биде и засилен на интензитет.
- Барем отсега гледано, и за првомајските празници ќе имаме многу нестабилно време со чести врнежи, прогнозира Славчо Попоски.