Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на цените на мало изнесува 101.4.
Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 8.1 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.0 %, месото за 1.4 %, виното за 1.2 %, кафето, чајот, какаото за 0.5 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0.4 %, рибата и морските плодови за 0.2 %.
Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 42.4 %, туристичките аранжмани за 8.4 %, парамедицинските услуги за 6.7 %, домашните миленици и сродните производи за 5.4 %, услугите за рекреација и спорт за 3.3 %, обувките за 2.7 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.4 %, игрите, играчките и хобијата за 2.2 %, облеката, поправките и изнајмувањето обувки за 2.1 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 2.0 %, другите лични предмети за 1.7 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, велосипедите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 %, патниот патнички транспорт за 1.1 %, информатичката опрема за обработка на податоците, услугите за сместување за 1.0 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.9 %, ткаенините за изработка на облека, големите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, рестораните, кафулињата и слично за 0.8 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината за 0.7 %, актуелните ренти исплатени од станари, стоматолошките услуги за 0.6 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0.4 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.3 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 6.5 %, свежото и разладеното овошје за 3.2 %, млекото за 3.4 %, сирењето и урдата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.5 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.4 % и пивото за 0.3 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 4.9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 3.0 %, гасот за домаќинствата за 2.9 %, малите алатки и останатите додатоци за 1.3 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.2 %, текстилот за домаќинствата за 0.8 %, книгите за 0.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.4 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3 %.
Индексот на трошоците на животот во април 2023 година, во однос на април 2022 година, бележи зголемување од 13.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 10.1 %.