Aнтичките принцези пред 2000 години помогнале да се изгради големата воена империја, што ја поттикнало Кина да го изгради Кинескиот ѕид, со цел да ги спречи во походот. Влијателните жени, можеби принцезите, одиграле клучна улога во одржувањето на Ксионгну.
Античките принцези помогнале да се изгради големата воена империја, од Казахстан до Монголија, што ја поттикнало Кина да го изгради Кинескиот ѕид, објавила веб сајтот „Sve o arheologiji“. Мистериозната номадска империја Ксионгну владеела со евроазиските степи помеѓу 200 години п.н.е. и 100 години н.е. Во него доминантни биле жените воини на коњи, територија на денешна Монголија. Економијата на овие номади била заснована на сточарство и производство на млечни производи. Ксионгну биле познати номади, тие ја граделе својата империја на „грбот на коњите“, се вели во соопштението. Нивната моќ во војувањето при јавањето ги направила брзи и застрашувачки непријатели, а нивните легендарни борби со царството Кина на крајот биле причината за изградбата на Кинескиот ѕид.
Ксионгну изградиле мултиетничка империја на монголската степа која прекутрговијата била поврзана со Рим, Египет и Кинеското царство. Меѓутоа, за разлика од нивните соседи, тие никогаш не ја развиле писменоста. Поради ова, историските записи за Ксионгну биле напишани и пренесени од страна на нивните противници. Овие записи, главно запишани од хроничари од династијата Хан, даваат малку корисни информации за потеклото на Ксионгну, нивниот политички подем или нивната општествена организација. Сега се знае нешто повеќе за нив, но воедно и повеќе е доведено во прашање, врз основа на археогенетиката или древната ДНК од скелетните остатоци.
Номадските принцези и нивната улога
Анализата на древната ДНК покажала дека жените биле закопувани во двете некрополи во Ксионгну, во најголемите гробници. Станува збор за жени кои биле во блиско сродство со владетелите на царството. Тие биле погребани со раскошни гробни предмети. Понатамошната анализа на древната ДНК од помалите гробници докажала дека постои многу поголема генетска разновидност. Станувало збор за машки слуги, кои често доаѓале од далечните региони на империјата, од Црното Море до источна Монголија, за да го зацврстат сојузот. Истражувањата покажале дека владетелските семејства кои раководеле со империјата Ксионгнун, ги испраќале своите сопруги на границите, со цел да ги зацврстат политичките сојузи со локалните владетели. Погреби со сите почести имале само жените од империјата, кои биле вклучени и во политиката. Жените го задржале својот висок статус во текот на животот, поради што и биле приредени церимонијални погреби во нивна чест. Тие не биле само “пат до целта“ во политичките игри на своите машки роднини, туку биле и активни учесници и спроведувале и сопствена политика. „Нашите резултати ја потврдуваат долгогодишната номадска традиција на принцезите кои имале клучна улога во политичкиот и економскиот живот на империите, особено во периферните региони – традиција која започна со Ксионгну и продолжи повеќе од 1000 години подоцна под Монголската империја.“, изјавил Џамсранџав Бајарсаихан, одговорен за монголскиот археолошки проект.
„Иако историјата понекогаш ги потценувала номадските империи како кревки и краткотрајни, нивните силни традиции никогаш не прекинале да постојат“.