Роботот на руската компанија Promobot ќе ги опслужува гостите на хотелот во Сингапур, ќе ги проверува нивните лични документи и ќе издава клучеви од собите.
Директорот за развој на Promobot, Олег Кивокарцев, денеска за ТАСС изјави дека споменатиот робот е единствениот во Русија што може да препознае детали од пасошите и другите лични документи.
- Роботот на рецепцијата на хотелот во Сингапур ги пречекува гостите, ги проверува и излегува, издава и прифаќа клучеви од собите во форма на картички. Персоналот на хотелот го викаше Михаљич- истакна Кивокурцев.
Роботот може да им помогне на гостите на хотелот да повикаат такси, да организираат превоз до аеродромот или да го добијат бараниот совет.
Компанијата Promobot е основана во 2015 година во Перм и истата година се пресели во големиот иновативен центар Skolkovo, кој се наоѓа во западниот дел на Москва. Promobot ги постави своите роботи во 43 земји во светот, каде што извршуваат административни задачи и работат како консултанти, промотори или туристички водичи.
Извор: faktor.mk