Mажите често мислат дека можат да се дружат со пријателите наместо да го делат товарот на домашните работи со нивната партнерка.
Семејниот адвокат Денис Р. Ветрано Џуниор кој живее во Њујорк, редовно на својот профил на ТикТок ги објавува трендовите кои ги забележува во својата пракса, а се однесуваат на разводите, односно на скараните парови. Тој вели дека многумина имаат стресни работни места и деца за кои треба да се грижат, а нивните врски често се распаѓаат затоа што се уште се очекува жените да преземат поголемиот дел од домашните обврски.
Видеото, кое досега е прегледано повеќе од 4,7 милиони пати, започнува со прашањето: „Дали сакате да знаете кој е главниот проблем што го гледам во случаите на развод?
Потоа објаснува дека гледа како „вработените мајки прават сè, а сопрузите се тргаат настрана“. Тој продолжува дека „домаќинските работи не се делат подеднакво“.
„Таа се грижи за децата, купува намирници, пери, готви, работи, заработува и плаќа комуналии“, тврди тој, додавајќи дека забележал дека „мажите често мислат дека можат да се дружат со пријателите наместо да го делат товарот на домашните работи со нивната партнерка.
Во видеото тој додава дека „жените се уморни и тоа често ги доведува до точка на пукање, што ги нарушува односите“.
Видеото привлече стотици коментари, а многу мајки кои работат велат дека го доживеале токму она за што зборува адвокатот.
„Имаме доволно психичко оптоварување. Морам да давам инструкции за се. Тоа е исцрпувачки”, вели една.
„Имам помалку работа како самохрана мајка на две деца отколку како мажена мајка на две деца“, коментира друга.
Извор;Мајка и Дете