Жителите на хрватската престолнина Загреб месечно заработуваат во просек по 1.300 евра. Просечната плата во градот Загреб во февруари изнесува 1.292 евра, што е номинално зголемување од 2,9 отсто во однос на јануари и 12,7 отсто во однос на февруари 2022 година, покажуваат податоците на Одделението за статистика на Градскиот институт за стратешко планирање и развој на градот Загреб.
Во однос на просечната месечна плата во февруари на ниво на Хрватска, која изнесувала 1.106 евра, просечната загрепска плата била за 186 евра повисока.
Највисока просечна месечна нето-плата кај правните лица е исплатена во производството на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, во износ од 3.077 евра. Најниска плата е исплатена во производството на кожа и сродни производи, во износ од 695 евра.
Во однос на друите земји од екс Југославија, Словенија и Хрватска имаат највисоки плати.
Извор: faktor.mk