Мостот Беласица дури година и половина би можел да биде надвор од функција, и тоа под услов доколку веднаш почне да се работи на него.
Тоа значи дека година и половина скопјани ќе имаат големи тешкотии за време на сообраќајниот шпиц, бидејќи оние кои кратеа од Железничка кон Ист Гејт ќе мора да ги користат другите мостови, јави Сител телевизија.
Деканот на Градежниот факултет, во изјава за Сител појаснува дека самите процедури се долги и затоа ќе биде потребно многу време за санација.
Проблемот е што за носивоста на мостот задолжени се кабли кои се сместени во внатрешноста на бетонската конструкција.
Миризба и парчиња од бетон останаа да сведочат под мостот што пред пет дена го зафати пожар. Пеплосаната покуќнина остава сомнеж дека можеби човечки фактор е причината за големиот пожар. Со оглед на тоа што под мозтот се собираат бездомници можеби токму тие се причинители на пожарот?