Преквалификација за избор на достоинствено работно место е решение за намалување на невработеноста кај нас.
„Стапката на невработеност во нашата земја сѐ уште е висока. Според последните податоци од Државниот завод за статистика и Агенцијата за вработување стапката на невработеност е 13,7%. Тоа е висока стапка на невработеност и јас сум кажал дека, долгорочно, решението е нашите луѓе да се осмелат да се преквалификуваат и да прифатат достоинствени работни места.
Мене ме радува фактот дека можеби некогаш, одредени ситуации неприродно се случуваат, како што е миграцијата, но ги натераа во приватниот сектор да даваат подостоинствени плати од претходно. Затоа сметам дека секој тек или случување во одредено време се случува со причина. Причината овде е дека сите, и во приватниот сектор, ќе треба да разбереме дека нема повеќе работници кои се плаќаат под достоинството на работникот затоа што секогаш ќе има опција“, рече вицепремиерот.
Извор: kajgana.com