Глобалната мрежа World of Statistics претстави листа на просечната висина на мажите по земји во светот, а интересно е што на прво место се Холанѓаните со висина од 182,54 сантиметри.
Заедно со листата на највисоките мажи во светот по земји, организацијата World of Statistics претстави и мапа која ја претставува просечната висина на мажите во светот.
Први на листата се Холанѓаните со висина од 182,54 сантиметри, а потоа следуваат Белгијците, Естонците, Летонците и Данците.
Босна и Херцеговина е на шестото место со просечна висина на мажите од 180,87 сантиметри, а од соседството потоа следат Хрватска - со просек од 180,78 сантиметри и Србија со 180,57 сантиметри.
Податоци за висината на Македонците на оваа листа - нема.
Во првите десет на листата се вбројуваат и Исланѓаните со просечна висина од 180,49 и мажите од Чешка кои се високи во просек 180,10 сантиметри.
На дното на листата е Јемен, чии мажи се високи во просек 159,89 сантиметри, а потоа следуваат Лаос со просек од 160,52 и Непал со 162,32 сантиметри висина кај мажите.
Глобалниот просек е 171,28 сантиметри. Судејќи според картата, највисоките мажи се концентрирани во земјите од Европа и Северна Америка.
Листата предизвика контроверзии на социјалната мрежа Twitter, чии корисници прашуваат од каде World of Statistics ги прибира овие податоци. Веб-страницата на мрежата не дава многу информации, што ја прави оваа листа во најмала рака сомнителна.
Извор: kajgana.com