Град Скопје соопшти дека од 23 до 26 мај во период од 22:00 до 03:00 часот, ќе се врши терестрична дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.
Од Град Скопје ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.