Џонсон Мети е единствената компанија од Македонија која се рангираше во ТОП 100 најуспешни компании во Југоисточна Европа во 2017-та година според остварената добивка.
Во извештајот на SeeNews во кој се опфатени компании од Словенија, Романија, Хрватска, Србија, Бих, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово, Џонсон Мети се најде на одличното 19-то место.
Станува збор за добивка од 96.8 милиони евра што значи дека производителот на катализатори остварил повисока добивка за 10,34 отсто во однос на изминатата година.
На првото место се наоѓа Дачија од Романија со добивка над пет милијарди евра.
Албанија, Црна Гора, Молдавија и Косово немаат компании на листата.