Секоја компанија си има своја филозофија во одредувањето на висината на платата што ќе им ја даде на своите вработени како компензација за вложениот труд
При одредувањето на платата многу фактори влегуваат во игра, како што се перформансот на компанијата, расположливоста на таленти, важноста на позицијата, репутацијата на организацијата, местоположбата и слично.
На пример, доколку една компанијата е во фаза на развој и има потреба од редок, но квалитетен талент кој е клучен за остварувањето на тековните цели е многу поверојатно да предложи повисока плата од пазарниот оптимум.
Во продолжение, наведуваме некои фактори кои го детерминираат износот на вашата плата:
Репутацијатата на компанијата
Компанија со добра репутација може да си дозволи да ги привлече посакуваните кандидати дури и со пониска плата од реалната пазарна вредност. Обратно е кај компаниите кои немаат изградено имиџ на посакуван работодавач на пазарот на трудот. Тие понекогаш не можат да ги привлечат вистинските кандидати дури и кога нудат износ многу повисок од просечната плата во индустријата.
Понудата и побарувачката на пазарот
Ако во еден град има преголем број на инженери, тогаш компаниите можат да понудат пониска сума за таа позиција бидејќи трудот е полесно достапен и расположлив. Во случај кога понудата е многу помала од побарувачката, ситуацијата е спротивна и работодавачот мора да даде повеќе од оптималното за да пополни одредена работна позиција.
Искуството и образованието
Годините на работно искуство и степенот на стекнато образование дефинитивно влијаат на износот на вашата плата. Доколку своите студии ги завршите во некоја престижна високообразовна институција и имате богато работно искуство бидете уверени дека ќе добиете повисок износ на компензација. Меѓутоа, овој фактор може да ве направи и преквалификувани за одредени работни позиции бидејќи дел од работодавачите нема да бидат во состојба да ви понудат доволно.
Перформансот
Платата не зависи само од перформансот на компанијата, туку и на кандидатот. Ако сте top performer тогаш е многу поверојатно да добиете поатрактивна понуда во однос на плата. Истото важи и за компанијата. Доколку аплицирате за работа во компанија која остварува добри резултати, освен повисока плата може да ви бидат понудени и дополнителни бонуси, акции и дел од добивката.
Трошоците за живот
Екстерен фактор кој нема никаква поврзаност со вас, вашиот перформанс или перформансот на компанијата, туку зависи од пазарните движења во економијата. Понудената плата мора да биде во согласност со стапката на инфлација со цел да се направи аџустирање во однос на трошоците за живот.
Дознајте ја вашата идеална плата преку пополнување на едноставниот прашалник за споредба на платите.
*Споредбата на платата ќе добиете по собирање на 5 верифицирани прашалници за позицијата.