Со радарска контрола во текот на вчерашниот ден се регистрирани 166 возила кои се движеле со брзина поголема од дозволената. при што санкционирани се 166 возачи. Од казнетите возачи, 32 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки за сообраќајни прекршоци, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 3 мерки за користење мобилен телефон при возење, 4 за возач почетник, 6 санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло.
Од МВР предупредуваат да се почитуваат сообраќајните знаци и правила и најавуваат дека со секојдневните акциски контроли продолжуваат и во наредниот период.
Извор: mkd.mk