Европската Унија најави пакет за побрза интеграција на земјите од Zападен Bалкан, но во исто време планира од следната година да го усложни влегувањето во Унијата...
Ќе плаќаме ли од наредната година по 7 евра за влез во европска земја, заедно со задолжително електронско пријавување ?!
Иако вицепремиерот за европски прашања Маричиќ во последното гостување на Канал 5 изјави дека воведувањето на овој систем наречен ЕТИАС, е одложен на неопределено, сепак на официјалниот сајт на Европската унија веќе стои дека од 2024та, се менуваат правилата за влез во ЕУ земјите за граѓаните чии држави не се членки, а се дел од безвизниот режим, меѓу кои и Македонија.
За Брисел оваа апликација не значи враќање на визите, само зголемување на безбедноста и забрзување на процедурата за влез на граничните премини.
Би можело да ве интересира: Wizz Air воведува нови линии од Скопје
Вицепремиерот Маричиќ кажа и дека во тек се преговори со Унијата, Македонија, како земја која веќе е во преговори членство, да биде изземена.
„Ние лобираме за тоа, ќе лобираме и понатаму да бидеме изземени и тоа може да биде и предмет на разговори за оваа забрзана интеграција. Ние ќе се избориме и се бориме да се тргне затоа што не е праведно за нас кои сме опколени со држави членки.“ изјави Бојан Маричиќ.
ЕТИАС системот всушност значи дека на Македонците, на пример за влез во Хрватска, Грција или Бугарија, како земји членки на Унијата ќе им треба претходна најава. Аплицирањето ќе се спроведува онлајн, а освен вметнување на личните податоци и прикачување фотографија од пасошот, ќе треба да се платат и 7 евра. Ова ќе важи за сите полнолетни граѓани, додека за децата под 18 години, но и возрасните над 70 години ќе биде бесплатно.
Идејата за овој систем потекнува уште од 2016 година, но стартот постојано се одложуваше. Дали тоа ќе случи повторно, засега е неизвесно.
Воведувањето на овој систем доаѓа истовремено кога претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен најави нов план со кој ќе се забрза интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ.