-
Денес е најкраткиот ден во 2024 година
Денес, 21 декември 2024 година, во 22 часот и 27 минути, настапува зимската краткоденица, која го означува почетокот на календарската зима на северната хемисфера на Земјата.
-
Граѓаните да внимаваат: Водата нема веднаш да биде безбедна за пиење по нејзиното пуштање
Институт за јавно здравје претходно даде насоки за подготовка до граѓаните, здравствените лица и угостителските објекти во контекст на тековното исклучување на вода. Денес нашите препораки се во насока за кои чекори треба да се преземат одкако водата ќе биде пуштена. Имајќи предвид дека е најавен прекин на водоснабдувањето, населението треба да биде запознаено и информирано дека ризиците по здравјето на населението може да се јават не само за време на недостатокот на вода туку, дури и да се зголемат после пуштањето на водата за пиење во водоводната мрежа односно по отстранување на дефектот.
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
За 550 денери се зголемила просечната плата во октомври во однос на септември. Статистиката пресмета дека вработените во просек земаат нешто над 42.000 денари плата. Оваа сума е за 2,300 денари повисока од октомвриската лани.
-
Поголем дел од Скопје остана без вода утрово, санацијата треба да заврши за најмногу 15 часа
Поголем дел од Скопје остана без вода утрово, откако започна најавената санација на главниот градски цевковод. Оваа сложена интервенција, според надлежните, е неопходна за долгорочното решавање на проблемите со водоснабдувањето. Од „Водовод и канализација“ уверуваат дека санацијата ќе биде завршена во рок од 15 часа
-
Пронајдена мистериозна сребрена амајлија стара 1.800 години која би можела да ја промени историјата на христијанството во Европа
Последен пат содржината на оваа амајлија била прочитана пред 1.800 години, кога христијанството се сметало за култ во подем. Сега научниците конечно го дешифрираа „франкфуртското сребрено писмо“ – 18 линии врежани во тенко парче фолија, сместени во заштитна амајлија, пишува „Дејли мејл“.
-
Кој сѐ ќе настапи на дочекот на Новата година во Охрид?
На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак, охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.